
Албанија жестоко казнета за дивеењето на навивачите на дуелот со Србија!
Санкцијата следува поради повторено несоодветно и навредливо однесување на дел од албанските навивачи – скандирање со навредлива содржина, фрлање предмети, користење пиротехника, недолични гестови и транспаренти, како и прекини за време на интонирањето на националните химни. Покрај паричната казна, Албанија ќе мора да го одигра следниот домашен меч од квалификациите за Светското првенство (на 9 септември против Летонија) со намален капацитет на трибините од 20-отсто.
Фудбалскиот сојуз на Албанија ја оцени казната како сериозна и упати апел до навивачите да се воздржат од постапки кои би ѝ наштетиле на репрезентацијата.
„Ова не е само удар за Сојузот, туку и за националниот тим. Ги повикуваме сите навивачи да го почитуваат меѓународниот етички кодекс и да придонесат за достојна атмосфера. Само обединети и одговорни можеме да ѝ дадеме поддршка на Албанија каква што заслужува“, се наведува во соопштението.
По четири одиграни натпревари, Албанија има пет бодови и се наоѓа зад првопласираната Англија. Србија е трета со четири бодови од две средби. Двете репрезентации ќе се сретнат повторно на 11 октомври на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград.