Адеми го чека неверојатно богата премија ако стигне до ЛШ до Динамо Загреб

Хрватски Динамо Загреб е на едно скалило до наста во елитната Лига на шампиони, првпат по четири години, ако успее во плејофот да го мине норвешки Розенборг и поради тоа фудбалерите на „модрите“ предводени од капитенот и македонски репрезентативец Аријан Адеми добија мотивација плус – неверојатна премија за пласман во елитата.

Динамо со победата со 4-0 во Будимпешта против Ференцварош, во која Адеми учествуваше со гол и асистенција има сигурна европска есен најмалку во групи во Лига Европа, но целта на загрепчани е да играат во ЛШ, а за тоа Адеми и другарите ги чека премија и до – 100.000 евра по играч!

Досега Динамо има заработено 8,2 милиони евра, но ако се пласираат во ЛШ ќе добијат 15,2 милиони евра.

Динамо според бројот на настапи и учинок ќе дели премии, а највисоки ќе добијат тие што се незаменливи и што ги одиграа сите квалификациски мечеви – Адеми, Стојанович, Периќ и Оршиќ (по 100.000 евра бруто). Нешто помалку ќе заработат другите, а најмалку резервистите кои имаа најмал број на одиграни минути.