Македонски планинар загина на Олимп откако паднал во провалија

Македонска планинарска група која броела девет лица викендов заминала на Олимп, но нивното планинарење се претворило во пекол, откако на еден од нив му се слошило, по што паднал во провалија и им подлегнал на повредите.

Телото на мажот, за кои постојат сомневања дека добил срцев удар, било извлечено од останатите планинари, а се очекува дополнителна обдукција, која ќе ја потврди точната причина за смртта.

Вкупно 14 грчки пожарникари од специјалната спасувачка единица учествувале во пренесувањето на телото од местото на несреќата до планинарскиот дом „Спилиос Агапитос“.