Векиќ елиминирана по голема драма, првпат во финалето на Вимблдон ќе игра Италијанка

Италијанската тенисерка Паолини се пласираше во финалето на Вимблдон откако ја елиминираше Хрватката Дона Векиќ по голема драма во три сета.

Паолини со пласманот во финалето испиша и историја така што стана првата Италијанка која ќе игра финале на овој турнир.

Првиот сет најдобрата хрватска тенисерка успеа да го добие реалтивно лесно со 6:2, меѓутоа Италијанката не дозволи така лесно да биде елиминирана.

Вториот сет донесе поинаква ситуација и Паолини успеа да го добие со 6:4 и така го однесе мечот во третиот сет.

Во одлучувачкиот сет тенисерките играа одличен меч со многу квалитетни удари за на крајот да дојдат до тај-брејк. Векиќ поведе со 3:1, а потоа Паолини дојде до 3:3, па и поведе со 5:4. Драмата продолжи се до 9:8 кога Италијанката ја искористи меч топката и обезбеди место во финалето.

Противничка на Паолини во финалето ќе биде подобрата од мечот помеѓу Крајчикова и Рибакина.