Ѓоковиќ: Му се молам на Господ да не ми се повтори Ролан Гарос!

Новак Ѓоковиќ го победи Циципас во четвртфиналето на Олимписките игри, но во текот на вториот сет ги исплаши фановите откако се пожали на болки во коленото кое неодамна го оперираше.

Ситуацијата е многу слична на онаа на Ролан Гарос кога исто така заврши меч со победа, а потоа го откажа учеството на остатоткот од турнирот поради повреда на коленото.

Ѓоковиќ се потсети на Ролан Гарос и рече дека се моли тоа да не му се случи и овојпат.

„Загрижен сум многу. Не знам што би можел да кажам. Го завршив мечот и острата болка попушти откако траеше два гема. Се наликува на Ролан Гарос каде исто така го завршив мечот, но потоа не бев во состојба да го продолжам натпреварувањето“, вели Ѓоковиќ.

„Ќе видиме прегледите што ќе кажат. Му се молам на Господ се да биде во ред“.