Заврши кариерата на легендарниот Енди Мареј!

Едни Мареј денеска го одигра последниот официјален меч во кариерата, тој заедно со Еванс загуби од Фриц и Пол во дуелот во двојки и го заврши настапот на Олимписките игри.

Енди Мареј претходно најави дека по Олимписките игри ќе се пензионира, а тоа значи дека ова е крај на неговата кариера.

Тој заедно со Еванс загубија во два сета од американската двојка Фриц-Пол со 6-2 и 6-4.

Енди Мареј во својата кариера освои три грен-слем турнири, двапати триумфираше на Вимблдон, еднаш на УС Опен. Дури петпати беше финалист на Австралија опен, но не успеа да триумфира, еднаш стигна до финалето и на Ролан Гарос.

Тој стана и првиот тенисер во историјата кој двапати по ред ги освоил Олимписките игри. Триумфираше во 2012 и 2016 година.

Своевремено беше и прв на АТП ранг листата.

Доколку не беа честите повреди, Мареј ќе имаше уште побогата колекција на трофеи.