Бомба од Мадрид: Реал му дава нов договор - Ѓулер станува главен шеф на „Бернабеу“!
Според информациите кои ги пренесе шпанскиот весник „Ас“, поткрепени од трансфер-експертот Фабрицио Романо, раководството на клубот има намера од младиот фудбалер да направи долгорочен лидер на тимот, а новиот договор ќе вклучува и значително зголемување на неговата месечна плата.
Актуелниот договор на Ѓулер има важност до летото 2029 година, но луѓето од „Сантјаго Бернабеу“ сакаат предвреме да го наградат за неговиот напредок и да му ја додели улогата на главен носител на играта. Од почетокот на тековната сезона, турскиот фудбалер се профилираше како класична „десетка“ во формацијата на Реал, позиција зад која дејствуваат фудбалери како Бернардо Силва, Федерико Валверде, Едуардо Камавинга и Орелиен Чуамени.
Управата на Реал Мадрид со овој потег јасно става до знаење дека Ѓулер веќе не се третира само како талентиран тинејџер, туку како клучен играч околу кој ќе се гради играта на тимот во иднина. Неговиот огромен потенцијал, кој беше предмет на различни толкувања низ изминатите три години во шпанската престолнина, сега добива целосна потврда од стручниот штаб и раководството на клубот.