Трагична вест од Англија, почина поранешен тренер на Лестер!

На 60-годишна возраст почина поранешниот тренер на Лестер, Крег Шекспир.

Тој во 2017 година беше прв тренер на Лестер, а му беше и асистент на Клаудио Раниери во историската сезона кога тимот изненадувачки ја освои Премиерлигата.

„Крег почина мирно утринава во својот дом опкружен со своето семејство“, информираа од семејството на Шекспир.