Милан се засили со талентиран напаѓач од Динамо Загреб

Талентираниот напаѓач Дино Делкиќ го напушта Динамо Загреб и потпиша договор со поранешниот италијански и европски шампион Милан.

Момчето е родено во 2009 година и ќе се приклучи на развојната програма на италијанскиот гигант. Младиот фудбалер минатата сезона имаше 29 настапи во сите натпреварувања и притоа постигна 17 голови.

Скаутите на Милан долго време го следеле талентираниот фудбалер од младинските категории на Динамо и решиле да тргнат по неговиот потпис.

Фото: ACMilan.com