ТИМОВИТЕ ОД СТРУМИЦА И КИСЕЛА ВОДА ПОБЕДНИЦИ НА ТУРНИРОТ „БИДИ ШАМПИОН“

Со финалните натпревари одиграни на 28 јуни 2025 година, свечено беше заокружен детскиот спортски турнир „Биди шампион“, кој во изминатиот месец донесе натпреварувачки дух, спортски вредности и многу дружење на деца од целата држава.

Во саботата на 28 јуни  на реконструираното игралиште „Драган Крстев“ во Општина Кисела Вода, се реализираше финале на турнирот „Биди шампион“. Уште од раните утрински часови одекнуваа аплаузи, бодрење и емоции.

Победник во мал фудбал стана тимот од Кисела Вода, додека во уличен баскет, најдобри беа младите кошаркари од Моноспитово, Струмица.

Резултати од финалето:

⚽ Мал фудбал:

            1.         🥇 Екипа од Кисела Вода

            2.         🥈 Екипа од Битола

            3.         🥉 Екипа од Карпош

🏀 Уличен баскет:

            1.         🥇 Екипа од Моноспитово (Струмица)

            2.         🥈 Екипа од Кисела Вода

            3.         🥉 Екипа од Гевгелија

Повеќе од 160 деца – учесници, спортисти и другари

Турнирот започна на 31 мај и се одвиваше низ повеќе градови и општини низ Македонија, меѓу кои и четири општини на територијата на Скопје, каде Видеолотарија Касинос Австрија претходно реконструираше мултифункционални игралишта.

Во рамките на турнирот се организираа 16 натпревари во мал фудбал и 16 натпревари во уличен баскет, за деца на возраст од 10 до 14 години.

Системот на натпреварување вклучуваше локални елиминациски фази – прво меѓу екипи од истата општина, а потоа продолжување на најдобрите со натпревари против други општини. Финалниот ден донесе четири натпревари по спорт: две полуфиналиња, натпревар за трето место и финале.

Професионално судење, вистинска фер-плеј атмосфера

Сите натпревари се одиграа под надзор на лиценцирани арбитри, ангажирани преку Фудбалската и Кошаркарската федерација на Македонија, со строго почитување на официјалните спортски правила

Ова спортско дружење е повеќе од турнир – ова е сериозен влог во здрава иднина.

Турнирот „Биди шампион“  во организација на Видеолотарија Касинос Австрија, има за цел не само да промовира физичка активност, туку и да го поттикне тимскиот дух, пријателството и вредностите кои се градат преку спортот. Веруваме дека со вакви настани ги поддржуваме децата во нивниот правилен развој, ја будиме љубовта кон спортот, и создаваме услови младите таленти да бидат препознаени и охрабрени.