Урнебесно: Познат британски комичар го имитираше Ѓоковиќ (ВИДЕО)

Британскиот комичар Џош Бери го имитираше најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ и ги насмеа неговите фанови на социјалните мрежи.

Бери претходно имитираше и други тениски ѕвезди, но сега повторно направи шоу откако реши да ги ископира движењата на Србинот.

„Пријателе, никогаш нема да се пензионирам. Ќе продолжам да играм тенис. Веганската диета значи дека имам внатрешни органи како 14-годишник и ќе продолжам. Моето тело и мојот дух се во перфектна позиција. Дури и кога планетата Земја ќе биде ужасна поради климатските промени, јас ќе се погрижам да се преселиме на други планети и таму ќе победувам. Ќе бидам најдобар во цела галаксија“, кажа Бери.