
Толпа народ се насобрал да го гледа тренингот на Новак Ѓоковиќ во Бања Лука! (ВИДЕО)
Уште по слетувањето на аеродромот во Бања Лука имало луѓе кои сакале да посведочат дека идолот на милиони низ светот дошол во нивниот град, но посебна приказна бил денешниот тренинг на Ноле.
Му почнал точно напладне, во оние препознатливи „балони“ тениски терени. Сепак, во договор меѓу организаторот и Ѓоковиќ, направен бил исклучок и тренеот бил отворенза оваа пригода, за да може некој да погледа како тренира најдобриот тенисер на светот.
Излезе дека тоа е огромна атракција, бидејќи за кратко време се насобрала толпа луѓе околу теренот на кој Ѓоковиќ спарингувал со Чарли Гомез. На видеово кое го објавија српските медиуми не се гледа публиката, но од џагорот и повремените аплаузи станува јасно дека не се малку луѓе. Како ли ќе биде на неговиот прв меч, во 2. коло од турнирот, против Французинот Лука ван Аш?