Милан ја одреди цената за Леао, ќе го продава за - 100 милиони евра!

Италијанскиот гигант Милан е подготвен да се раздели со Рафаел Леао, откако интерес за услугите на португалскиот репрезентативец покажаа неколку европски гиганти.

„Калчомеркато“ објави дека Милан ја одредил цената за Леао, односно ќе го продаде за сума од 100 милиони евра.

Леао има договор со „росонерите“ до 2028 година, па Милан нема да попушти во преговорите и нема да ја намали цената.

Најзаинтересиран за Леао досега беше премиерлигашот Челси, кој и претходно се распрашуваше за Португалецот.