Српскиот бомбардер на Пелистер преоѓа во Алкалоид!

Левиот бек на Пелистер, Урош Борзаш и наредната сезона ќе игра во Македонија, но во друг клуб, негова следна дестинација ќе биде Алкалоид.

Македонските клубови веќе почнаа да ги креираат ростерите за наредната сезона, а инфомацијата на „Моцарт Спорт“ вели дека српскиот ракометар Урош Борзаш ќе се пресели во Алкалоид.

Борзаш не е во прв план во Пелистер каде предност пред него има Филип Кузмановски кој настапува во голема форма.

Алкалоид е проект кој од година во година се развива, тимот станува се посериозен и има високи цели. Оваа сезона момците на Лазаров се одлично во Европа каде се во полуфиналето на Европскиот куп.

Проектот на Алкалоид е претежно македонски, но на раководството и на тренерот Лазаров им е јасно дека доколку се сака остварување на уште подобри резултати, потребно е и по некое странско засилување. Такво треба да биде Борзаш.