
Чудна ситуација во Гостивар: Две недели никој не знаел каде е капитенот!
Пред денешниот натпревар против Воска кој Гостивар го загуби со 0-2 никој во клубот не знаел каде е капитенот Аплер Потук кој го немало цели две недели и само се појавил на денешниот натпревар во кој остана на клупата за резерви.
Освен тоа претходно Гостивар се ослободи од Васко Василев, Марко Симоновски и Констатин Чешмеџиев.
Очигледно во Гостивар нешто не функционира, а како сето тоа ќе се одрази на конечниот пласман останува да видиме. Во овој момент тие се четврта екипа на табелата со 44 бода, девет помалку од лидерот Шкендија, но на последните три средби не знаат за победа.