Шпанците тврдат: Српски фудбалер намерно му дозволи на Реал да победи! (ВИДЕО)

И понатаму во шпанската јавност има реакции по победата на Реал Мадрид над Леганес од 3-2, но ако претходно во центарот на вниманието беше судењето, сега тема е српскиот фудбалер Матија Настасиќ.

Реал Мадрид головите за пресврт ги постигна во второто полувреме, а и во двете ситуации Настасиќ лошо реагираше или подобро кажано не реагираше.

При голот кој го постигна Белингем беше прилично пасивен и недоволно агресивен додека англискиотфудбалер влета пред него и постигна гол.

Уште потешко може да сео бјасни неговата реакција кога Мбапе погоди од слободен удар. Тогаш Настасиќ како намерно да се тргна и остави дупка во живиот ѕид.