Четири години од денот кога Македонија ја победи Германија на нејзино тло! (ВИДЕО)

На денешен ден пред четири години Македонија ја оствари една од најголемите победи во својата историја, во Дуизбург ја совладавме Германија со 2-1.

Во нашата фудбалска историја имаме неколку резултати кои го шокирале светот, а еден од нив секако е и победата на Германија.

Поминаа четири години од тој ден кога Македонија најпрво поведе со 1-0 со гол на Горан Пандев пред крајот на првото полувреме.

Потоа Германија изедначи со пенал на Илкај Гундоган. Домаќините во тие моменти сметаа дека работите ќе дојдат на свое место, но им се случи нов шок.

Во 85. минута Елиф Елмас даде гол за победа на Македонија од 2-1.