Денвер победи, Јокиќ собори рекорд на Лери Бирд (ВИДЕО)

Се е полесно во тимот на Денвер Нагетс откако во екипата се врати Никола Јокиќ по паузата од пет натпревари.

Шампионот од 2023 година на домашен терен ја победи Јута со 129-93, а натпреварот помина во знакот на српскиот ас. Иако не оствари трипл дабл, туку мечот го заврши со 27 поени, 14 скока и 6 асистенции, Јокиќ ја проби границата од 16.000 поени во кариерата и собори рекорд кој досега беше сопственост на Лери Бирд.

Тој стана играч кој во најбрзо во НБА постигнал најмалку 16 илјади поени, 8 илјаси скока и 5 илјади асистенции. За ова достигнување му беа потребни 739 натпревари, додека Бирд го направи тоа со 60 меча повеќе.

Со оваа победа, Денвер се зацврсти на третата позиција на табелата во Западната конференција, но за да го стигне Хјустон ќе му треба уште време бидејќи Рокитс се со еден триумф повеќе и еден натпревар помалку. Јута одамна е отпишана и со само 16 победи во сезоната е најслаб тим во лигата.

РЕЗУЛТАТИ
Детроит - Кливленд 133-122
Бруклин - ЛА Клиперс 100-132
Торонто - Шарлот 108-97
Милвоки - Њујорк 107-116
Минесота - Феникс 124-109
Њу Орлеанс - Голден Стејт 95-111
Денвер - Јута 129-93