Јокиќ ја запали НБА со тројка со една рака преку цел терен (ВИДЕО)

Сите потези на Јокиќ изгледаат неверојатно лесни кога ги прави тој, без разлика на кој дел од теренот се случуваат.

Така беше и ноќеска во дуелот  со Јута на кој го собори рекордот на Лери Бирд, но имаше и еден кош за кој долго ќе се зборува. На истекот од втората четвртина, кога остануваа само неколку секунди за напад, Јокиќја зеде топката, шутираше од својата половина и - погоди.

Во последната четвртина Јокиќ не ни играше бидејќи немаше потреба и само поради тоа остана без трипл дабл на овој меч.