Шортс ги „налути“ Грците, па за малку ќе настрадаа - судиите! (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс му помогна на Париз да триумфира против европскиот шампион Панатинаикос со 101-98, а по натпреварот следеше бурна реакција на грчките навивачи.

Навивачите на Панатинаикос одлучија да го истурат својот бес врз судиите по натпреварот, а поради тоа грчкиот гигант се соочува со казна од Евролигата.

Евролигата наскоро треба да соопшти каква казна ќе му изрече на Панатинаикос, а се очекува тоа да биде парична казна, но и празна сала во следните натпревари.