Ѓоковиќ му подари потпишана маичка на Меси, ама и Аргентинецот не остана должен (ФОТО)

Најдобриот фудбалер и најдобриот тенисер на сите времиња Лионел Меси и Новак Ѓоковиќ имаа можност да се дружат синоќа, во рамките на Мастерсот во Мајами.

Меси беше специјален гостин на мечот меѓу Ѓоковиќ и Григор Димитров по што се симна во неговата соблекувалната и двете суперѕвезди си разменија подароци.

Ѓоковиќ на Меси му подари потпишана маичка, од оние со кои настапува на турнирот, додека аргентинскиот ас му возврати со дрес од својот клуб Интер Мајами.