Ниту европскиот шампион немаше решение за Шортс - беше на чекор од трипл-дабл!

Maкедонскиот репрезентативец, Ти-Џеј Шортс одигра уште еден одличен натпревар во дресот на Париз и тоа против актуелниот европски шампион Панатинаикос во победата на гостински терен од 98-101.

Грчкиот претставник немаше решение за расположениот Шортс кој средбата ја заврши со дабл-дабл учинок од 20 поени, 14 асистенции и девет скокови. Покрај тоа Шортс изнуди и девет лични грешки од противничките кошаркари.

Тимот на македонскиот репрезентативец имаше предност во текот на целиот натпревар, а домаќините успеаа да дојдат до неизвесна завршница во која имаа и шут за израмнување, но повеќе од тоа не можеа.

Најефикасен на натпреварот беше Нун од домашните редови со 22 поени, осум скока и девет асистенции.