Oфицијално: Бразил го отпушти Доривал!

Како и што се најавуваше Бразил го отпушти селекторот Доривал Жуниор по дебаклот против Аргентина од 4-1 во квалификациите за Светското првенство.

Аргентина беше убедлива против Бразил и покрај тоа што на теренот го немаше Лионел Меси, а тоа беше дволно за Бразилците да го отпуштат Доривал.

„Фудбалската федерација на Бразил може да потврди дека Доривал Жуниор повеќе нема да биде селектор на репрезентацијата. Му се заблагодаруваме за неговата професионалност и му посакуваме успех во понатамошната кариера“, стои во соопштението од федерацијата.

Во наредниот период Бразил ќе објави кој ќе биде неговиот наследник.