Работнички ја доби Беса и се доближи до Силекс, Шкендија подобра од Брера (ФОТО)
Екипата на Работнички на свој терен ја оправда фаворитската улога и славеше победа над Беса со 1-0.
Единствениот гол на натпреварот го постигна Анес Рушевиќ од пенал во 55. минута од средбата.
По овој триумф Работнички се доближи до Силекс кој денеска одигра само 1-1 на свој терен против Тиквеш.
Двата гола во Кратово беа постигнати во првото полувреме, прво Мишов ги доведе гостите од Кавадрци во водство, а потоа Додев израмни 35 минути игра.
Шкендија која е лидер на табелата на свој терен забележа триумф над Брера со 2-1 и така дојде до 53 бода, четири повеќе од Силекс и пет од Работнички.
Но, за жал денес во Тетово сцената која го обележа натпреварот, но и ова коло се случи пред почетокот на натпреварот кога домашните навивачи не ја испочитуваа минутата молк во чест на фудбалерот на Шкупи, Андреј Лазаров и останатите загинати во трагедијата. Сега се очекува и остра реакција од Фудбалската федерација на Македонија.
На останатите две средби Воска на гости го совлада Гостивар со 0-2, додека Струга и Шкупи одиграа без голови 0-0.