Aрсими славеше над Вардарски во натпреварот кој дождот го прекина

Денеска од 15:00 часот се доигра натпреварот помеѓу Вардарски и Арсими од Втората лига кој започна вчера, но беше прекинат поради врнежите од дожд и лошите услови за игра.

По првиот дел Арсими имаше водство од 1-2, а денеска преостанатите минути се доиграа во Богданци.

На крајот немаше ниту промена бидејќи во второто полувреме не се постигнаа голови и Арсими забележа триумф од 1-2.