
Конте остана мистериозен: Не е сигурен дека ќе остане во Наполи
Италијанскиот стратег го презема тимот по разочарувачката претходна сезона и заминувањата на Виктор Осимен и Квича Кварацхелија.
Во последно време се пишуваше дека може да замине, а на таа тема се огласи и спортскиот директор на тимот на Наполи, Џовани Мана.
„Конте е под договор и за наредните две сезони и се надевам дека ќе биде тука и ќе продолжиме со него. Немаме никакви проблеми“, изјави Мана.
Но, самиот Конте не е толку сигурен.
„Ќе видиме, за тоа ќе зборуваме кога ќе ги одиграме и последните осум натпревари“.