Титула во Мајами го носи Синер веднаш зад Ѓоковиќ

Елиминацијата на Карлос Алкараз во четвртфиналето од турнирот во Мајами го става Јаник Синер во позиција да се бори за второто место на АТП листата.

Италијанецот кој игра во фантастична форма од октомври, е на повеќе од 500 бода разлика во однос на второпласираниот Карлос Алкараз, но со титула во Мајами ќе го помине Шпанецот и ќе има 65 бода повеќе. Негативата во однос на Ѓоковиќ, сепак, ќе остане голема и ќе мора да ги чека големите турнири за, евентуално, да го стигне. Прва пречка за Синер е Данил Медведев со кого вечерва игра полуфинале, а ако победи, ќе се сретне со Димитров или Зверев.

Новак Ѓоковиќ е сигурен на челната позиција бидејќи во сезоната на земја влегува со голема предност во однос на ривалите, а не брани речиси ништо до „Ролан Гарос“. Од друга страна, Алкараз брани титули во Мадрид и Барселона, па шанса барем да се доближи со Србинот е Монте Карло каде лани не играше.