Страшни сцени во Токио: Шпанска тенисерка доживеа топлотен удар! (ВИДЕО)

Тенисерите долго време ги предупредуваат организаторите поради високите температури, а тие не ги исполнија нивните барања да се преместат натпреварите во вечерните термини.

Вистинска драма се случи за време на дуелот меѓу Паула Бадоса и Маркет Вондурошова. Шпанката имаше водство од 3-1 во првиот сет, но потоа тенисерката се соочи со големи проблеми.

Топлината го зема својот данок, а шпанската тенисерка едвај стоеше на теренот и изгледаше дека во секој момент ќе падне на него.

Неколку минути подоцна докторите пристигнаа да интервенираат на теренот и открија дека Шпанката доживеала топлотен удар.