Срамни коментари: Мекинро не веруваше дека Ѓоковиќ е повреден!
Српскиот тенисер беше испратен со свирежи од Род Лајвер арената, а со коментар во јавноста по мечот се огласи легендарниот Џон Мекинро.
Мекинро често пати претходно зборуваше позитивно за Ѓоковиќ, но сега кога се повреди, имаше коментар кој не им се допадна на фановите.
„Ова не е првпат да ја видиме оваа тактика. Неговото движење е импресивно, не изгледа како да е повреден. Не сум сигурен што е неговиот план, но јасно е дека добро се движи“, искоментира Мекинро.
Предупредување до Зверев да внимава на однесувањето на Ѓоковиќ испрати и поранешниот тренер на српскиот ас, Борис Бекер.
„Не ги видов коментарите на Бекер и Мекинро, можам само да кажам дека секогаш е полесно да се критикува и да се осудува отколку да се разбере, тоа е моја животна лекција. Луѓето кои платија карти очекуваа борба и се трудам колку што можам да ги разберам од таа страна. Јас знам што е моето тело и што чувствувам, знам колку дадов на ово јтурнир за 20 и повеќе години“, изјави Ѓоковиќ.