Скандал: Швјонтек доби кратка суспензија, зашто има пријател во анти-допинг агенцијата!?

Меѓународната агенција за тениски интегритет на 28 ноември соопшти дека Ига Швјонтек прифатила едномесечна суспензија откако била позитивна на забранетата супстанца триметазидин.

Агенцијата го прифатила објаснувањето на полската тенисерка дека тестот е позитивен поради лекот кој го користи, но тоа не им се допадна на многумина.

Швјонтек привремено беше суспендирана од 22 септември до 4 октомври, па пропушти три турнири кои се пресметани во санкцијата и сега и останаа само уште осум дена од суспензијата.

Полскиот сајт „Онет“ објави дека причината за кратката суспензија е тоа што Швјонтек има пријател во Светската анти-допинг агенција, и тоа е Витолд Банка кој неколку пати јавно ѝ честиташе за успеси.