„Сите очекуваат финале Синер-Алкараз, сакам да им ги расипам плановите“

Новак Ѓоковиќ сезонава се уште нема пласман во финале на Гренд слем, а титула на овие турнири не освоил од 2023 година.

В петок рано наутро, српскиот ас ќе се сретне со Карлос Алкараз во надеж дека ќе ја прекине лошата серија и ќе ја продолжи битката за 25. Гренд слем трофеј во кариерата. Сигурно нема да му биде лесно бидејќи Шпанецот е во фантастична форма и атакува на првото место на АТП листата, но Ѓоковиќ посакува нов успех.

„Не треба да трошиме зборови за Синер и Алкараз, во моментов тие се најдобри на светпот и сите очекуваат финале меѓу нив двајца, но јас сакам и ќе се обидам да им ги расипам плановите. Синер мора да победи уште два меча за да стигне до финалето, но тие сигурно играат најдобар тенис од сите останати. Сигурно нема да излеаам со бело знаменце, без разлика што тие играат најдобар тенис во светот“, рече Ѓоковиќ.

Во својата кариера тој има осум меча против Алкараз и води со 5-3, а триумфираше и на последните две пресметки, во финалето на Олимписките игри и во четвртфиналето на Австралија Опен. Љубителите на тенисот чекаат на нивен дуел повеќе од седум месеци, а ќе имаат можност да ги видат во полуфиналето во Њујорк.