Сензација во Монтреал: Тинејџерка од Конго ја растури втората тенисерка на светот!

Канадската тенисерка со потекло од Конго, Викторија Мбоко (18 години), направи огромна сензација на мастерсот во Монтреал, совладувајќи ја Американката Коко Гоф (6-1, 6-4).

Тинејџерката, која моментално се наоѓа на 85. место на ВТА листата, го елиминираше вториот рекет на светот. Триумфот добива уште поголема тежина ако се земе предвид дека ова беше нивна втора меѓусебна пресметка, при што Мбоко ѝ возврати на Гоф за поразот од почетокот на годината во Рим.

Младата Канаѓанка во првиот сет демонстрираше импресивно ниво на игра, дозволувајќи ѝ на фаворизираната Гоф да освои само еден гем. Вториот сет беше поизрамнет, но пресвртот се случи во десеттиот гем, кога Мбоко направи клучен брејк и го затвори мечот.

„И самата сум во шок,“ изјави Мбоко по мечот, не криејќи го изненадувањето од сопствениот успех.

Таа во следното коло ќе се соочи со Шпанката Боусас Манеи́ро, која се наоѓа на 51. место на светската ранг-листа.

ФОТО: X / @mbokodaily