Сопругата на Галинари го опиша нападот од ајкула: Беше ужасно!

Пред неколку дена беше објавено дека сопругата на поранешниот НБА кошаркар, Данило Галинари, Елеонора Бол преживеала напад од ајкула додека со семејството престојувала на плажа во Порторико.

Во интервју за „Газета дело Спорт“ сега за првпат објасни што се случувало.

„Бев практично на брегот со децата и оспругот. Невозможно е да отидете далеку кога имате деца и труднички стомак. Одеднаш почувствував болка силна болка во ногата и како некој кој е од Сарднија и навикнат на море помислив дека е медуза. Го допрев местото и почувствував нешто меко, почнав на викам. Истрчав од водата, Данило ги зема децата и тргна по мене. Кога погледнав видов црвена боја и понатаму мислев дека е медузаа, но брзо сфатив дека тоа е мојата изгрицкана кожа. Беше ужасно“.

Откри и дека била разочарана од една жена која била во близина.

„Уште е пред мене сликата на жената која впери телефон во мене и снимаше. Трудна жена во крв, а ти снимаш како да е циркус и ништо не правиш. Одвратно. За среќа имаше други луѓе кои покажаа човечност и помогнаа“, расакажа сопругата на кошарката,

Фото: EPA