
Највисокиот кошаркар во светот се пробал во друг спорт и разочарал!
Риокс студира на колеџот на Флорида и е дел од кошаркарската секција, а сега доби дозвола да се обиде да тренира и американски фудбал.
Тренерите на екипата на Гаторс одлучиле да се обидат да ја искористат неговата висина и ќе му дадат шанса. Според информаците тој добил задолжение да ги блокира противничките удари при обидите за постигнува „филд голови“, но поради слабиот одраз од само 28 сантиметри не се прославил на тренинзите.
„Ми се допадна идијата на колегата од американскиот фудбал, но слушанав дека се малку разочарани. Нема врска, сигурен сум дека ќе добие и втора шанса“, изјави тренерот на кошаркарската секција на Гатос, Тод Голден.
Инаку, не е неовобичаено спортистите во текот на кариерата во средно училиште и на колеџот да играат паралелно кошарка и америкаснки фудбал. Еден од најпознатите такви примери е Ален Ајверсон.
Фото: Florida Gators/