
Легендарен фудбалер на Баерн итно примен во болница – му се слошило на голф!
Причина за инцидентот било пукање на вена, а лекарскиот тим веднаш реагирал и му укажал прва помош. Иако првичната проценка на неговата здравствена состојба била сериозна, Хенес е стабилен и веќе е пуштен од болница. Моментално се наоѓа на домашно лекување и закрепнување, а неговото здравје сè уште внимателно се следи.
Хенес е фигура со огромно значење во историјата на Баерн. По успешната играчка кариера – и како член на репрезентацијата на поранешна Западна Германија – тој ја изгради својата репутација и како спортски директор, а подоцна и како претседател на клубот. Неговиот менаџерски пристап го трансформира Баерн во еден од најуспешните и финансиски најстабилни клубови во Европа.
Иако веќе не е дел од дневното управување со клубот, Хенес и понатаму има силна симболична и советодавна улога како почесен претседател. Во последните години, особено се фокусираше на односите со клучните партнери и спонзори на клубот. Клубот сè уште нема издадено официјално соопштение со повеќе детали, но од цела Германија и пошироко пристигнуваат пораки за поддршка и желби за брзо закрепнување.
ФОТО: EPA PHOTO