Нокаут на годината: Со спектакуларен „хај кик“ го испрати ривалот во – царството на соништата!

На боречки турнир што се одржа во Виетнам, публиката беше сведок на еден од најспектакуларните нокаути оваа годинам откако домашниот борец, Ѓук Ман Лу, со прецизен „хај кик“ удар го совлада сонародникот К-Па Туан, кој заврши во безсознание.

Туан падна на подот веднаш по ударот и му беше потребна итна медицинска помош. Лекарите интервенираа неколку минути на лице место, по што борецот беше изнесен на носила и префрлен во болница.