Продолжува бајката на Синер – преку Медведев до финале во Торино!

Јаник Синер продолжува со одличните игри на завршниот мастерс во Торино, откако по доминацијата во групната фаза, во која го совлада и Новак Ѓоковиќ, триумфираше и во полуфиналната пресметка со Данил Медведев (6-3, 6-7, 6-1).

Италијанецот покажа исклучителен квалитет, доминирајќи во првиот и во последниот сет, додека рускиот тенисер само во вториот сет демонстрира дел од својот раскошен талент, особено во тајбрејкот кој го доби неочекувано лесно.

Противник на Синер во големото финале ќе биде подобриот од спектакуларната пресметка помеѓу Ѓоковиќ и Карлос Алкараз, закажана за вечерва од 21 часот.