
Почина таткото кој ја тепаше српската тенисерка во текот на кариерата
Погребот на Докиќ биде одржан во Врдник на 22 мај во 14 часот. Подолго време таткото на Јелена не беше дел од јавниот живот, додека во минатото работеше како тренер.
Јелена по завршувањето на кариерата често пати зборуваше за негативните искуство кои ги имала во текот на кариерата.
„Татко ми често ми зборуваше „немој ништо да кажеш или ќе те убијам“. Јас до својата 33-та година не знаев да се насмеам. Луѓето често сакаат да бидат совршени, посебно во спортот, но тоа е невозможно. Животот не е совршен. Бев ранлива и мислев дека тоа е моја слабост. Сега сум свесна дека тоа всушност била моја сила“, истакна Јелена во документарецот во кој зборуваше за кариерата.
Дамир Докиќ беше во брак со Хрватката Лилјана со која ја доби и Јелена во 1983 година, а потоа и синот Саво. Поради војната во Хрватска од Осије се преселија во Сомбор во 991 година. Набрзо потоа заминаа и за Австралија кога некогаш четвртата тенисерка во светот имаше само 11 години.
Фото: EPA PHOTO