Нишикори немаше сила, Ѓоковиќ со пресврт се пласираше во полуфиналето!

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ го победи Јапонецот Кеи Нишикори во четвртфиналето на мастерсот во Рим.

Нишикори одлично го почна натпреварот, па му дозволи на Србинот да освои само два гема во првиот сет и го освои со 6-2.

Сепак, иако делуваше изгубено во првиот сет, во вториот Ѓоковиќ покажа многу подобра игра, па по 76 минути игра го освои сетот со 6-1.

Во третиот сет гледавме најмногу возбудувања. Најпрво Ѓоковиќ направи брејк за 2-1, но Јапонецот во наредниот гем израмни на 2-2.

При резултат 3-2, српскиот тенисер спаси брејк-топка, а до крајот на мечот направи уште два брејка и стигна до конечни 6-3.

Во следниот меч, Ѓоковиќ ќе игра против Рафаел Надал, кој претходно беше подобар од Фабио Фоњини со 2-1 во сетови, односно 4-6, 6-1 и 6-2.