Не само на Олимпијадата, Ѓоковиќ планира да игра и на Вимблдон!

Српските медиуми пишуваат дека Новак Ѓоковиќ напорно тренира за да биде подготвен и на Вимблдон кој се игра од 1. до 14. јули.

Новак Ѓоковиќ планира да нападне уште еден грен-слем трофеј, тоа е последната информација која доаѓа од Србија.

Наводно, Ѓоковиќ е во Белград и напорно работи за да биде подготвен за Вимблдон. Операцијата е минато, а рехабилитацијата се одвива одлично.

Србинот не би бил првиот тенисер кој оперирал менискус меѓу Ролан Гарос и Вимблдон, тоа го направи претходно и Тејлор Фриц.

Претходно се шпекулираше дека Ѓоковиќ веројатно ќе го прескокне Вимблдон за да биде максимално подготвен за Олимписките игри во Париз, но тој цели и кон 25. негов грен-слем трофеј, а тревната подлога му одговара за тоа да го направи.