Најдобриот македонски тенисер во аут околу половина година

Откако долго време го немаше на терените, најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски денеска се огласи преку социјалните мрежи со нималку добра објава.

Тој соопшти дека го очекува долга пауза од тениските терени и натпреварувања и во најдобар случај би се вратил во септември.

„Бидејќи многумина се прашувавте кога ќе почнам да се натпреварувам... Ќе биде надвор од терените во следните 5-6 месеци. Ќе се вратам посилен“, соопшти Ивановски.

Својот последен настап, тој го имаше кон крајот на ноември, на турнир во Јапонија откако претходно оствари неколку добри резултати и дојде до најдобар ранкинг во кариерата. Во зимскиот период дури тренираше со Новак Ѓоковиќ, но ќе помине многу време додека повторно го видиме во игра.