Надал со пресврт го совлада Фоњини и сега го чека Ѓоковиќ во полуфиналето!

Рафаел Надал потешко од очекувањата успеа да го совлада Фабио Фоњини со 2-1 и се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Рим, каде го чека подобриот од дуелот Ѓоковиќ-Нишикори.

Рафа за два часа и 15 минути го совлада италијанскиот тенисер кој имаше сет предност, по сетови 4-6, 6-1 и 6-2. 

Шпанецот во полуфиналето ќе се сретне со подобриот од мечот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Кеи Нишикори, кој е закажан за денеска од 16 часот.

Српскиот и шпанскиот тенисер досега играле 50 пати меѓусебе, а Новак води со 26-24.