Надал не се ни испоти против Качанов за место во четвртфиналето

Рафаел Надал без никакви проблеми се пласираше помеѓу осумте најдобри на мастерсот во Монте Карло, откако го совлада Карен Качанов во два сета. 

Русинот немаше сили да даде посилен отпор и мораше да се помири со пораз од 6-3 и 6-2. За Надал ова 14-то четвртфинале по ред на земјената подлога во Монте Карло, каде десет пати го има освоено трофејот.

Шпанецот само еднаш во кариерата не успеал да стигне подалеку од четвртфиналето на овој мастерс и тоа на својот прв настап во 2003 година, кога во второто коло загуби од Гиљермо Кориа. Тој утре ќе игра против Доминик Тим за пласман во полуфиналето.