Надал најави дека ќе игра во Париз: На „Ролан Гарос“ борба до смрт

Рафаел Надал се врати на тениските терени по пауза од три месеци, помина едно коло на турнирот во Барселона и најави дека планира да игра и на следните три турнири на земја.

Претстои Мастерсот во Мадрид, потоа во Рим и на крајот во Париз, „Ролан Гарос“ што е главна цел за Шпанецот во овој момент.

„Ако моето тело го издржи товарот, би можел да бидам подобар, не зборувам за победи, туку да игра на повисоко ниво и да се борам. Во Мадрид малку подобро, во Рим уште малку подобро, а во Париз како ќе даде Господ. Тоа ќе биде момент да се обидам да дадам се од себе, да умрам за тоа“, изјави Надал.

Неодамна тој изјави дека ова е негова последна сезона во кариерата така што најверојатно нема да игра догодина во Барселона каде има 11 титули.