Надал надмина 100 милиони долари заработка од турнири

Со освојувањето на 11. пехар од Ролан Гарос, Рафаел Надал стана само третиот тенисер во историјата на тенисот кој надминал 100 милиони долари исклучиво како заработка од турнирите на кои настапувал.

Бројчаникот на Шпанецот, засега, застана на 100.251.598, што претставува некои десет и пол милиони долари помалку од Новак Ѓоковиќ (110.854.762) и уште шест од водечкиот во оваа категорија, Роџер Федерер (116.222.182).

Зад нив има празно место, па дури потоа доаѓа Енди Мареј со 60,8 милиони, Пит Сампрас со 43,2 и Андре Агаси со 31,1 милион, во топ-5. Првата десетка ја завршуваат Давид Ферер (31), Стан Вавринка (30,9), Томаш Бердих (28,8) и Борис Бекер (25).

Се забележува дека Ѓоковиќ, иако има 12 грен-слем титули, наспроти 14-те на Пит Сампрас, на пример, сепак е далеку напред. Очигледна причина за тоа е наглиот раст на наградните фондови, особено на големите турнири во последниот 5-6 години. Од истата причина Ѓоковиќ е и пред Надал и толку блиску до Федерер.

Најбогатите тенисерки, пак, ги предводи Серена Вилијамс со 89.722.779 долари, а ја следат Венус Вилијамс (39.9), Марија Шарапова (30.8), Ким Клајстерс (24.4) и Линдзи Девенпорт (22.1).