
Музети го елиминира Тиафо за свој најголем успех на „Ролан Гарос“
За него тоа е најголем успех на Отвореното првенство на Франција, а само втор пласман во полуфинале на Гренд слем турнир, по Вимблдон минатата година. Тиафо ја испушти својата шанса во третиот сет кога беше рамноправен до 5-5, а потоа при водство на Музети од 6-5, го загуби гемот на свој сервис по што не само што му дозволи на противникот да поведе со 2-1, туку и доживеа психолошки пад.
Во полуфиналето, Музети ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу Карлос Алкараз и Томи Пол кои играат вечерва.