Крејчикова е изненадувањето на Вимблдон, ќе игра - финале!

Чешката тенисерка Барбора Крејчикова направи уште едно изненадување откако по голема борба ја совлада четвртата носителка Рибакина и обезбеди финале на Вимблдон.

Крејчикова која е 32. на ВТА листата има турнир од соништата на Вимблдон, последна нејзина жртва беше Рибакина.

Рибакина добро го почна мечот, го доби првиот сет со 6-3, но потоа се сменија работите. Крејчикова беше подобра со 6-2 во вториот, чешката тенисерка го доби третиот решавачки сет со 6-4 и се пласираше во финалето.

Ова за Крејчикова е враќање меѓу најдобрите во светот, таа во 2021 година го освои Ролан Гарос.

За титулата на Вимблдон таа ќе се бори со Паолини која со 2-1 беше подобра од Векиќ.