Крај на љубовната приказна: Ана Ивановиќ почна борба со Швајнштајгер за имотот!?

Еден од најпривлечните љубовни парови во светот на спортот, Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер наскоро ќе се раздели затоа што тие решиле да свртат друга страница во животот, но пред нив е правна борба за имотот.

Ана и Бастијан во изминатите години вложуваа во различни недвижнини ширум Европа, па така имаат планинска куќа во Австрија вредна 3,5 милиони евра.

Луксузната вила на Мајорка ја имаше Ана уште пред бракот, но заедно ја реновираа и таа вреди во моментов околу 6,5 милиони евра.

Јахтата за семејни летувања на парот во распад вреди околу 400.000 евра, а медиумите пишуваат дека тие на суд ќе поделат имот вреден дури 110 милиони евра.