Калин Ивановски елиминиран уште на стартот од челинџерот во Скопје (ФОТО)
Нашиот тинејџер ја имаше поддршката од домашната публика, но ниту тоа не беше доволно да дојде барем до сет против далеку подобро рангираниот противник, кој за повеќе од стотина места е пред него на АТП-листата. Првиот сет мина во израмнета борба, Калин спаси три брејк-топки при 4-5 и 0-40, но нашиот ас потклекна во клучните моменти и на крајот го загуби сетот со 4-6. Ивановски потоа имаше две шанси за брејк при 1-1 во вториот сет, не ги искористи, по што Призмиќ целосно доминираше до крајот на мечот, добивајќи ги сите пет следни гемови.
За Ивановски ова е прв настап на турнир со награден фонд од 75.000 долари, каде што конкуренцијата е далеку поквалитетна, поради што и покрај поразот стекнатот искуство е голем плус за македонскиот тенисер.