
Ивановски неочекувано остана без полуфинале на фјучерсот во Сетубал!
Македонецот имаше далеку полошо рангиран противник (330-482), но не успеа да го наметне својот ритам и двата сета ги загуби со по еден брејк разлика.
Ивановски претходно доби две средби на собирот во Португалија, каде што прво го совлада францускиот ривал Гејмард, а потоа беше подобар од младиот Португалец Роча.